Скопски маратон 2023 01.10.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска ги додели медалите на најуспешните учесници во генералниот пласман на Скопскиот маратон во машка и женска конкуренција, како и на најдобрите македонски натпреварувачи.

Победник на 19-тото издание на Скопскиот маратон на кој настапија повеќе од 11.000 учесници е Виктор Киплагат од Кенија. На второ место е неговиот сонародник Чериот Лабан, а третото место го освои Дарио Ивановски од Македонија.

Во женска конкуренција најдобра беше Рут Матебо од Кенија, пред Мерси Кипкемои и Марија Врајиќ.

Град Скопје е горд што по 19-ти пат е домаќин на Скопскиот маратон, една од омилените спортски манифестации.Градот Скопје е поддржувач оваа голема спортска манифестација која ги промовира Скопје и Македонија како спортска и туристичка дестинација, а исто така овозможува и логистичка поддршка од градските јавни претпријатија со цел успешно одржување на оваа реномирана спортска манифестација.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
