Соопштение до јавноста 06.10.2023
Повеќе од 100 градоначалници во Батуми, Грузија учествуваат на урбаниот форум организиран од Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со фокус на тоа како да се решат сложените прашања на локалната самоуправа преку зелена и инклузивна трансформација на градовите преку користење јавно-приватни фондови за да го поттикнат растот и иновациите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на покана на организаторите УНДП и ЕУ, ја претстави првата јавна биотехнолошка лабораторија од ваков вид во Македонија и регионот, која годинава Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ ја отвори во средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“.
Отварањето на првата биотехнолошка лабораторија од ваков вид во Македонија е високо иновативен исчекор во развојот на науката во корист на граѓаните, на животната средина, локалната економија и македонското општество воопшто и беше препознаена како иновативен проект за кој другите градови истакнаа интерес и сакаат да го реплицираат. - истакна градоначалничката Арсовска.
Во април, заедно со УНДП, Град Скопје ја пилотира првата програма на лабораторијата за стартапи кои работат со биотехнологии. Скопскиот предизвик Bio Hack My World 2023 ги обедини стартапите, претприемачите и иноваторите со нови идеи за користење на био-отпадот за справување со предизвиците на животната средина и ги поддржува да ги развијат своите идеи.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност