Увид во работа на клучката бул. „Никола Карев“ со бул. „8-ми Септември“ 07.4.2023
Денес извршивме увид во реализацијата на проектот за изградба на клучка на раскрсницата на бул. „Никола Карев“ со бул. „8-ми Септември“ еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти кои се во тек во градот Скопје и се одвиваат согласно предвидената динамика.
Со реализацијата на овој проект главниот град добива целосно ново сообраќајно решение кое значително ќе го сообраќајот и ќе придонесе кон олеснето и безбедно движење на овој дел на градот.
Со овој проект покрај изградба на клучката се предвидува и
- Изградба на нов кружен тек на раскрсницата на бул. „8-ми Септември“ со ул. „Скупи“, со што се елиминираат проблемите кои во сообраќајот ги правеше дотраеното сообраќајно решение со семафор, а значително се подобрува и безбедноста.
-Изградба на два нови моста на река Серава, едниот на бул. „8-ми Септември“ и вториот на бул. „Никола Карев“
-Реконструкција и проширување на дел од ул. „Скупи“, бул. „8-ми Септември“, бул. „Никола Карев“
-Изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, со соодветно хортикултурно уредување и ново улично осветлување
-Изградба на целосно нова атмосферска канализација
Ги замолуваме граѓаните за внимателно движење по трасата и за трпение со оглед на моменталниот времен сообраќаен режим на движење на возила. Реализацијата на овој проект е исполнување на уште едно ветување од програмата „За Модерно Скопје“.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност