
Во сабота ново филмско дружење на отворено во Градскиот парк 24.8.2023
За оваа сабота (26.08.2023 година) Градот Скопје закажува ново бесплатно филмско дружење на отворено, овојпат со проекцијата на „Балканот не е мртов“ од режисерот Александар Поповски.
Киното на отворено ќе биде поставено на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, а филмот ќе почне во 20:30 часот.
Како дел од богатата културна понуда на Град Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028 година овие филмски вечери на отворено прераснуваат во омилена активност на голем број граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и ги исполнуваат викендите со дружење и забава.
- ВЕСТИ
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност