ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА 38 22.6.2023
Денес завршија работите на реконструкцијата на улица 38, крак на улицата Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари.
По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, за само неколку дена успешно ја реализираа поставената цел за реализација на реконструктивниот зафат и на општо задоволство на жителите, денес ја завршија реконструкцијата.

Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за долгогодишни проблеми во овој дел од градот. Во текот на реконструкцијата извршен е ископ на оштетен асфалт, се постави нов слој тампон и се асфалтира целосно оформената површина со нова асфалтна маса тип БНС- 16.

Град Скопје, планира наскоро на овој потег, да изврши реконструкција и на улиците 50 и 40, со што ќе се опфати поголем дел од сообраќајниците што се од витално значење за граѓаните.
Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
