Градоначалничката Арсовска ко-претседаваше со ЗКК меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на региони 07.11.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска претседаваше со 22-от Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на региони. Комитетот го отворија градоначалничката Арсовска, заедно со Јасна Габриќ од Словенија, како ко-претседавачки на ова заедничко тело.

- По одличната средба во Брисел, големо задоволство ми е да бидам денеска тука и да презентираме се што е направено во изминатиот период и што треба да се адресира во следниот период, како и да дискутираме на теми од интерес на локалните самоуправи во контекст на евроинтеграциските процеси. Европскиот комитет на региони има законска должност да ја претставува ЕУ во долгорочна мисија да им помогне на земјите-партнери да се подготват за членството во ЕУ. Затоа на денешните тематски панели зборуваме за добри практики и позитивни примери од членките на Советот на Европа во однос на тоа што треба да се фокусираме во тие процеси во наредниот период, со цел општините да бидат целосно подготвени бидејќи над 70 проценти од регулативата на ЕУ се однесува на локалните власти – истакна Арсовска.

На денешниот состанок се дискутираше за две теми, првата посветена на активностите и состојбите околу пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија, а втората тема беше посветена на владеењето на правото и улогата на локалните заедници во борбата против говорот на омраза, злосторствата од омраза, лажните вести и странското влијание.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
