СЕ ПРОБИВА НОВА УЛИЦА ВО КРУГОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

05.09.2021 Град Скопје преку јавното претпријатие Улици и патишта започна пробивање на нова улица во кругот на Клинички центар која дополнително ќе го олесни движењето на возилата и пешаците што ќе овозможи намалување на застојот предизвикан од зголемената фреквенција на пациенти како последица на пандемијата.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ КАЈ МАНУ

04.09.2021 Градоначалникот Шилегов денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков во делот на општина Центар.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: РЕНОВИРАНИОТ БИТ-ПАЗАР СЕ ВРАЌА НА СКОПЈАНИ

03.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на реконструираниот Бит-пазар, еден од најпосетените пазари во Скопје.

Повеќе

НАГРАДЕНИ НАСТАВНИЦИТЕ ОД ПРОЕКТОТ ЗБОРУВАМ НА ЈАЗИКОТ НА МОЈОТ ДРУГАР

03.09.2021 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов им додели признанија и награди на 45 наставници од седум средни училишта на Град Скопје за нивниот придонес и активно учество во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку реализација на заеднички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ВО СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ НАСТАВНА ПРОГРАМА СО НОВО ЗАНИМАЊЕ - „ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ВО ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА“

02.09.2021 Во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” денеска беше промовирана паралелката „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: МЛАДИТЕ ИМААТ ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ НА МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ

02.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со претставници на младински организации со кои разговараше за приоритетите и потребите на младите од Скопје.

Повеќе

ЗА ПРВПАТ ИТАЛИЈАНСКА ПАРАЛЕЛКА ВО ГИМНАЗИЈАТА „НИКОЛА КАРЕВ“

01.09.2021 Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование, Мила Царовска денеска ги посетија средношколците во гимназијата „Никола Карев“, на почетокот на новата учебна година. На сите ученици, професори и родители тие им пожелаа многу успеси во учењето и во нивниот личен и професионален развој.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: КЛУЧКАТА КАЈ ВИЗБЕГОВО ЗНАЧИ ПРОБИВАЊЕ НА БУЛЕВАРИТЕ СЛОВЕНИЈА И ХАСАН ПРИШТИНА

31.08.2021 Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај булеварот Словенија, која заедно со клучката кај Момин поток се наоѓа на едната од двете главни рути кои ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот.

Повеќе

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТРАНИЧНОТО ЗЕЛЕНИЛО НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ ВО КАРПОШ

30.08.2021 На барање на жителите на Општина Карпош Градот Скопје ќе го обнови зеленилото на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со улицата Париска.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ: ВО СРЕДА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ

30.08.2021 Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда (01.09.2021 година) ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Повеќе

ПРВИОТ ВИСЕЧКИ МОСТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОВРЗУВА ПОВЕЌЕ ГРАДСКИ ОПШТИНИ

26.08.2021 Изградбата на новиот висечки мост на улицата Љубљанска во скопската општина Карпош е во тек. Увид во градежните работи на овој значаен инфраструктурен објект денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, вицепремиерите, Артан Груби и Фатмир Битиќи, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претставници на ТАВ.

Повеќе

СЕ ОТВОРА „БОСТАНИЕ“ - ПРВАТА УРБАНА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

25.08.2021 Првата урбана градина во Скопје, сместена во паркот во Ново Лисиче, од денеска ги отвора вратите за посетители. Градината „Бостание“ е работена согласно со проектот на здружението на граѓани „Зелена Арка“, реализиран со финансиска поддршка на Град Скопје, а во соработка со Општина Аеродром, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, Градежниот институт и повеќе општествено одговорни компании.

Повеќе

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА КИНО-ПРОЕКЦИЈАТА НА ФИЛМОТ „ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ“

23.08.2021 Градот Скопје ги поканува граѓаните на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021) што ќе се одржи вечер, пред Споменикот на одредот во Карпош 3.

Повеќе

СКОПЈЕ СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА АНТИФАШИЗМОТ

23.08.2021 „Некои наши соседи со негирањето на нашиот антифашизам ги негираат и сопствените антифашисти” - Петре Шилегов

Повеќе

СОВЕТОТ ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПОЛУГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА

22.08.2021 Советот на Град Скопје на утрешната седница ќе расправа за Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2021 година, за периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година.

Повеќе

НАБАВЕНИ НАД 130 КОМУНАЛНИ ВОЗИЛА И АВТОБУСИ ВО ЕДЕН МАНДАТ НА ШИЛЕГОВ

22.08.2021 Градот Скопје денеска ги презентираше комуналните возила и автобуси кои беа набавени во изминативе четири години за потребите на јавните градски претпријатија.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ И УНДП СО ПРОЕКТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО УРБАНИТЕ ТОПЛОТНИ ОСТРОВИ

21.08.2021 Со цел намалување на ефектот на „Урбаните топлотни острови“, Град Скопје во соработка со УНДП почнува со реализација на проект за изготвување и поставување заштитни стреи на 9 утврдени пешачки острови низ Скопје.

Повеќе

СО НОВА ИНОВАТИВНА ОПРЕМА ВОДНО ЗАШТИТЕНО ОД ПОЖАРИ

20.08.2021 Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари.

Повеќе

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА 80-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА ПРВИОТ СКОПСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

19.08.2021 Во понеделник, на 23 август 2021 година, Градот Скопје ќе ја одбележи 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021).

Повеќе

АВТОКОМАНДА И ЧЕНТО СЕ СПОЈУВААТ СО ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА

17.08.2021 Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.

Повеќе