Градоначалничката Арсовска се сретна со претставници на синдикатите на ЈСП 15.11.2021
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие на Скопје - ЈСП.
На средбата се разговараше за проблемите со коишто секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на квалитетни возачи, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори, а стана збор и за конкретни преговори за правата на вработените, правилна распределба на платите, нови редовни вработувања, како и за потпишување нов Колективен договор.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
