Се одржа конститутивната седница на Советот на Град Скопје 17.11.2021

Денеска се одржа конститутивната седница на Советот на Град Скопје, на која на новоизбраните советници им се обрати градоначалничката Арсовска.

- Во оваа група на советници имаме луѓе кои се од различни профили, кои доаѓаат од политиката, од граѓанскиот сектор, меѓутоа мислам дека сите вие имате свои квалитети како личности и професионалци што многу ќе придонесе за зголемување на квалитетот на работењето на Советот на Градот Скопје во наредните 4 години. Од мое име како градоначалничка на Град Скопје посакувам успешно да соработуваме во наредните 4 години, а од името на скопјани ви благодарам што ќе се залагате за нивните интереси - кажа градоначалничката Арсовска.

Советот на Град Скопје најпрво ги избра претседателот и членовите на Комисијата за верификација, мандатни прашања, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје. Потоа Комисијата ги верификува мандатите на советниците на Советот на Град Скопје од локалните избори.

По верификацијата на мандатите, се одржа расправа при што за нов претседател на Советот на Град Скопје е избран Трајко Славески.