НЕМА ВЕЌЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ОД ГРАД СКОПЈЕ

09.06.2020 Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска во 15 часот се исполни предвидената квота за субвенции за набавка на велосипед, па вакви барања од граѓаните повеќе нема да се примаат. До денеска до 15 часот, до Град Скопје се поднесени 2.830 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед.

Повеќе

СКОПЈЕ ДОБИ НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ЧАИР

08.06.2020 Градот Скопје ја заврши изградбата на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во општината Чаир.

Повеќе

АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

08.06.2020 Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 10.06.2020 година (среда), на подрачјето на градот Скопје, ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција, против ларви од комарци, односно:

Повеќе

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ И ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

07.06.2020 Овој викенд, екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во Бутел.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА БЕСПЛАТНО ДА ПОДИГА ОСТАТОЦИ ОД БЕРБА

07.06.2020 Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад.

Повеќе

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

06.06.2020 За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје и екипите на Противпожарната бригада на Скопје, денеска повторно спроведоа голема акција за миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар.

Повеќе

РЕПРИЗИ ОД „КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА“ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО СКОПЈЕ

05.06.2020 Град Скопје повторно ја прави културата достапна во секој дом. Во наредните три дена, проектот „Култура во време на корона“ ќе се репризира за време на полицискиот час во Скопје.

Повеќе

ПРОБНО ВОЗЕЊЕ НА НОВИТЕ ЕКО АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ

05.06.2020 Новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ почнаа со пробно возење низ улиците на Скопје и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт.

Повеќе

ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

04.06.2020 Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци, ќе започне на 08.06.2020 година (понеделник) и ќе се врши до 12.06.2020 година (петок), во период од 22 до 03 часот наредниот ден.

Повеќе

ГРАДОТ СКОПЈЕ НАПРАВИ ЦЕЛОСНА СИСТЕМСКА КОРЕКЦИЈА НА РЕШЕНИЈАТА ЗА ФИРМАРИНА ЗА 2020

03.06.2020 Градот Скопје ги известува сите таксени обврзници дека Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“...

Повеќе

ВЕЛОСИПЕДОТ СЕ УШТЕ НАЈМУДРА ОПЦИЈА ЗА ТРАНСПОРТ

03.06.2020 Светскиот ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се со предизвиците на светската пандемија на коронавирусот која го наметна велосипедот како најбезбедно превозно средство од аспект на превентивната заштита од Ковид-19.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ НАПРАВИ УШТЕ ЕДНО ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ, ОВОЈ ПАТ ВО БУТЕЛ

02.06.2020 Градоначалникот Шилегов денеска го посети и инклузивното игралиште во дворот на ОУ „Живко Брајковски“, кое Град Скопје го направи во соработка со Општина Бутел.

Повеќе

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА - ПОРТАЛИ 2020

02.06.2020 Во Музеј на Град Скопје денеска беше отворена изложбата ПОРТАЛИ 2020, под мотото „Чувствувај, Создавај, Споделувај“.

Повеќе

ОД УТРЕ СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

01.06.2020 За да се заштити здравјето на најранливите граѓани и да се спречи ширењето на коронавирусот, од утре (02.06.2020 година, вторник) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасните лица (жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години) во деновите вторник, петок, сабота и недела.

Повеќе

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН 696 СКОПЈАНИ АПЛИЦИРАЛЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕД

01.06.2020 За само еден ден од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети во Град Скопје се поднесени 696 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 91 барање за субвенции за купен тротинет.

Повеќе

ОД УТРЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

31.05.2020 Градот Скопје утре ќе ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

Повеќе

НЕКОГАШНИОТ НАПУШТЕН ПРОСТОР ВО КИСЕЛА ВОДА СЕГА Е НОВА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА

31.05.2020 Во завршна фаза е уредувањето на новиот парк во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, позади бараките во населбата 11 Октомври.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА 3 ЛЕТНИ СЦЕНИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

30.05.2020 Градот Скопје објави конкурс за избор на 3 (три) партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на 3 (три) локации во зелениот појас на Градскиот парк.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ НАПРАВИ ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ ВО КАРПОШ

30.05.2020 Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев денеска го посетија инклузивното игралиште кое Град Скопје го направи во населбата Карпош 2.

Повеќе

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

29.05.2020 Денеска е отворен Центар за грижа за корисници на ЈП „Комунална хигиена“ во управната зграда на претпријатието зад поранешен Скопски саем. На отворањето на Центарот присуствуваа директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски...

Повеќе