КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПЕТ ИДЕЈНО-ОБЛИКОВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОТОТИП НА СУВЕНИРИ КАКО ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА „НОВИ СУВЕНИРИ ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА“ 23.6.2020

Градот Скопје распиша К О Н К У Р С за избор на идејно-обликовни решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија, како дел од иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“, која се спроведува во рамките на ROCK проектот што е дел од програмата Horizon 2020 и се реализира со финансиска поддршка од Европската унија. Отворен до: 20.07.2020 година. 

ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА КОНКУРСОТ


Конкурсот се распишува како дел од иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“ и има за цел ја зголеми свесноста за значењето на оваа културноисториска целина во градот Скопје и да ги промовира нејзините вредности. Во тој контекст, понудените решенија треба да ги истакнат вредностите на културното наследство, старите занаети и да претставуваат одраз на традицијата и културните, историските, материјалните и духовните вредности на Старата скопска чаршија како заштитена културна целина од особено значење со богато културно-историско наследство. Истовремено, целта е преку овој конкурс да се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на модерни и во духот на времето сувенири.


Целта е и да се подобри понудата на сувенири за Град Скопје со иновативен пристап на креативните индустрии, односно да ја збогати туристичко-комерцијалната понуда на чаршијата како еден од најатрактивните градски простори.


👉 Повеќе информации за конкурсните услови и критериуми на сл линк:
https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/konkursi/