22.08.2019Советот на Град Скопје на ден 29.08.2019 година (четврток) во 12 часот, ќе ја одржи својата 39-та седница. На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:
21.08.2019Советот на Град Скопје на ден 27.08.2019 година (вторник) во 11 часот ќе ја одржи 38-та седница. На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:
21.08.2019Град Скопје информира дека утре 22.08.2019 (четврток) од 8:30 часот до 23.08.2019 (петок) до 8:30 часот, поради градежни активности за реконструкција на коловозот на бул. Крсте Мисирков, целосно ќе биде затворена за сообраќај едната насока од булеварот
19.08.2019Градоначалникот Петре Шилегов заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и со градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска го потпишаa договорот за финансирање на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2019 година.
17.08.2019Со цел овозможување подобри услови за работа и пружање квалитетни услуги на корисниците на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Град Скопје периодов врши реновирање на вториот кат на оваа значајна градска културна установа.
17.08.2019Екипи на Град Скопје, вечерва од 19 часот, почнуваат со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар Кочо Рацин со улицата 11 Октомври.(кај Црвен крст).
14.08.2019Со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј во должина од 880 метри.
14.08.2019Екипите на Градот Скопје денеска ја започнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.
12.08.2019Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре (13.08.2019 година, вторник), поради градежни активности што се одвиваат за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, ќе се воведе нов привремен сообраќаен режим.
10.08.2019Инспекторат на Град Скопје во соработка со МВР, ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Улици и патишта“ денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија на улица „Александар Урдаревски“ во општина Бутел.
09.08.2019Екипите на Градот Скопје денеска /09.08.2019 година, петок/ ги започнаа градежните работи од проектот за реконструкција на улицата Борис Сарафов, како и изградба на водоводна, атмосферска и фекална мрежа
06.08.2019Град Скопје денеска објави Јавен повик за ангажирање 16 асистенти за потребите на учениците со посебни образовни потреби во Средните училишта на Град Скопје.
05.08.2019Проектот за целосна реконструкција на улица Московска влегува во завршна фаза. Со овој проект се врши реконструкција на улица Московска на потег од крстосницата со булевар Партизански одреди до крстосницата со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Васил Чакаларов.
01.08.2019Град Скопје ги известува сите даночни обврзници, физички и правни лица дека 03.08.2019 год. (сабота) е неработен ден. Работната сабота ќе се одработува на 10.08.2019 година.
31.07.2019Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во рамките на проектите за нивната реконструкција, вчеравечер спроведоа акција за ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на булеварот „Партизански одреди“ и на улицата „Лазар Личеноски“.
29.07.2019Градот Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 31.07.2019 година, среда (авионско) и на 04.08.2019 година, недела (терестрично).
29.07.2019Град Скопје денеска објавува анкета за прибирање предлози за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти).