ОТВОРЕН ДЕН ВО СКОПСКАТА ЖИВА ГРАДСКА ЛАБОРАТОРИЈА (SKULL) 16.9.2019
Во Скопската жива градска лабораторија (Skopje Urban Living Lab - SkULL) во Старата скопска чаршија (улица Европска број 11) утре (17.06.2019, вторник) со почеток во 11 часот ќе се одржи отворен ден.
На отворениот ден #2 ќе бидат презентирани можностите за делување што ги отвора постоењето на SkULL и разменети мислења за можните начини на решавање на проблемите и идниот развој со најразличните креативни индустрии. Мислењата и сугестиите, воедно треба да им послужат на институциите во планирањето на идните активности.
Отворениот ден во организација на Град Скопје и Архитектонски факултет Скопје е една од активностите што SkULL, како дел од ROCK проектот, ги организира периодов со цел вклучување на јавноста во искажување на своите мислења за проблемите и состојбите во Старата скопска чаршија, како и за можностите за нивно решавање и ревитализација на овој исклучителен просторен, социјален и мемориски дел на градот.
* ROCK проектот, чиј полн наслов е „Регенерација и оптимизација на културното наследство во градови базирани на креативност и знаење“, е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и во неговата реализација учествуваат Градот Скопје и Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
