ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА БИХАЌКА 23.9.2019
Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата Бихаќка и на улицата Црниче, меѓу општините Центар и Кисела Вода. Овој коловоз ќе се обнови на должина од 810 метри, на потегот од раскрсницата кај подвозникот, па се до улицата Востаничка. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на општините Центар и Кисела Вода, Саша Богдановиќ и Филип Темелковски.
- Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона ги завршуваме во рекордно кратки рокови, зашто за нас е императив инфраструктурата која со години беше запоставена да ја доведеме во ред и да создадеме услови за безбедно одвивање на сообраќајот. Апелирам до граѓаните на дневна основа да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат патната сигнализација – рече Шилегов.
Градежните работи на улицата Бихаќка е предвидено да завршат во рок од 30 дена. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 9 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
