ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

04.06.2019 На сите верници од исламска вероисповед, во мое име и во име на Град Скопје, Ви го честитам Рамазан Бајрам и Ви пожелувам добро здравје, многу радост и благосостојба, на Вас и вашите семејства. Да продолжиме да ги негуваме човековите вредности, почитта и меѓусебното разбирање.

Повеќе

СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ШАМПИОНИТЕ

04.06.2019 Илјадници граѓани се собраа вчеравечер на плоштадот „Македонија“ и ги пречекаа европските ракометни шампиони – РК „Вардар“. Плоштадот пулсираше со позитивна енергија и поддршка,а атмосферата кулминираше со подигање на пехарот на бина

Повеќе

ИЗЈАВА И ПОВИК ЗА СПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ И ПРОСЛАВУВАЊЕ

03.06.2019 Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и координаторите на сите советнички групи во Советот на Град Скопје го поздравуваат огромното постигнување и европската ракометна шампионска титула на „Вардар“. Тие, сите заедно повикаа на достоинствен пречек и славење на успехот на ракометарите.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ СО 6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НАГРАДА, ЧАРТЕР-ЛЕТ И ОРГАНИЗИРАН ПРЕЧЕК ЗА РК ВАРДАР

03.06.2019 По предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање пречек на ракометната екипа Вардар по вчерашната победа на Ф4 турнирот во Келн и освојувањето на титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.

Повеќе

МЕЃУНАРОДЕН ДОБРОТВОРЕН БАЗАР 2019 ВО ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

01.06.2019 Во ГТЦ денеска се одржа традиционалниот „Меѓународен добротворен базар 2019“ на кој на повеќе од 20 штандови се промовираа и продаваа производи и сувенири од земјите на дипломатските претставништва во Република Северна Македонија и други меѓународни организации

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ИЗБОРОТ ЗА НАЈИНОВАТИВНИ КОМПАНИИ ВО 2019 ГОДИНА

30.05.2019 Вчера /29.05.2019 година, среда/ во хотел „Александар палас“ се одржа манифестацијата „Иновативно претпријатие на годината 2019“, со цел да ги промовира и награди македонските претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење...

Повеќе

НАД 3.400 ГРАЃАНИ АПЛИЦИРАА ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕД

27.05.2019 Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година, бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства. Со тоа, барања за субвенции за велосипеди од утре (28.05.2019 година) вторник, нема да се примаат.

Повеќе

ХЕРОИТЕ НА ГРАДОТ - ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО ВО СКОПЈЕ

20.05.2019 Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарството. Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на градоначалникот Петре Шилегов му поднесе рапорт...

Повеќе

„СКОПЈЕ ЦВЕТА“ – ОТВОРЕН ШЕСТИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ

18.05.2019 Љубителите на цвеќето денеска и утре ќе имаат можност да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да добијат корисни совети, да се забавуваат и да се дружат на отворено во рамките на шестиот Скопски цветен фестивал што се одржува во вториот дел на Градскиот парк. Фестивалот почна со цветно дефиле со деца..

Повеќе

МАТУРАНТИТЕ ПО 13. ПАТ ГО ОДИГРАА КВАДРИЛОТ

17.05.2019 На плоштадот „Македонија“ денеска (17.05.2019 година, петок) се одржа „Матурската парада 2019 “, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, по 13. пат го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“...

Повеќе

УСПЕШЕН НАСТАП НА СПОРТСКИТЕ ЕКИПИ НА ГРАД СКОПЈЕ НА НАТПРЕВАРИ ВО ПОДГОРИЦА

16.05.2019 Најдобрите спортски екипи на средните училишта од Скопје, кои вчера се натпреваруваа со нивните врсници од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, постигнаа солидни резултати. Екипите од Скопје се натпреваруваа со нивните врсници од Подгорица во кошарка, ракомет и футсал...

Повеќе

ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

16.05.2019 Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 18.05.2019 (авионско) и 19.05.2019 (терестрично), односно...

Повеќе

ПОКАНА ЗА ТРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

15.05.2019 Советот на Град Скопје на 21 мај 2019 година (вторник), со почеток во 12,00 часот ќе ја одржи својата триесет и третата седница. На оваа седница Советот на Град Скопје ќе работи по следниот дневен ред...

Повеќе

УЛИЦА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА ГРАДОТ ПОДГОРИЦА

15.05.2019 Во рамки на повеќедневната посета на збратимениот град Подгорица, Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот Иван Вуковиќ. На средбата присуствуваше и Викторија Аврамовска-Мадиќ, Сектретар на Град Скопје, како и членови на Советот на Град Скопје...

Повеќе

СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ЕКИПИ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА СКОПЈЕ И ПОДГОРИЦА

15.05.2019 Денеска (15.05.2019 година, среда) во Подгорица (Црна Гора) започнаа спортските натпревари меѓу најдобрите екипи од средните училишта од Скопје и од Подгорица.

Повеќе

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НИРНБЕРГ, УЛРИХ МАЛИ

13.05.2019 Градоначалникот Шилегов денеска /13.05.2019 година, понеделник/ оствари средба со делегација од збратимениот град Нирнберг (СР Германија), предводена од градоначалникот Улрих Мали (Ulrich Maly)...

Повеќе

НАСКОРО ШЕСТИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ 2019

13.05.2019 Под мотото „Скопје цвета“, на 18 и на 19 мај 2019 година (сабота и недела) во вториот дел од Градскиот парк ќе се одржи шестиот Скопски цветен фестивал. Фестивалот ќе почне на 18 мај во 11:30 часот, со цветно дефиле со деца од предучилишните установи и од основните училишта што ќе тргне од...

Повеќе

КРИЗНИОТ ШТАБ АКТИВЕН НА ТЕРЕН ПРЕД НАЈАВЕНОТО НЕВРЕМЕ

13.05.2019 Согласно со насоките на кризниот штаб, кој вчера заседаваше, а по најавите за невремето „Андреа“, и поделените обврски меѓу јавните претпријатија, екипите на „Водовод и канализација“ излегоа на терен и спроведоа вонредна акција за чистење на сливниците од коловозите и критичните точки низ градот...

Повеќе

ВО ПРЕСРЕТ НА БУРАТА „АНДРЕА“ ЗАСЕДАВА ГРАДСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ

12.05.2019 Во пресрет на бурата „Андреа“ која што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 литри на квадратен метар, во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“.

Повеќе

АВТО ПЛУС СТРИТ ШОУ – ИЗЛОЖБА НА АВТОМОБИЛИ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ

11.05.2019 Вљубениците во автомобилите денеска имаат можност да погледнат стотина модели автомобили од петнаесетина брендови на изложбата Авто Плус Стрит Шоу, што се одржува на булеварот Илинден, на потегот од Зоолошка градина до Детскиот културен центар „Карпош“. Изложбата ја отвори градоначалникот Шилегов.

Повеќе