МЕЃУОПШТИНСКИТЕ СОРАБОТКИ – ГЛАВНА ТЕМА НА 37-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 11.7.2019
Советот на Град Скопје на денешната седница ќе разгледува и ќе расправа за поголем број предлог-одлуки на Градот Скопје.
На дневен ред се предлог-одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за изградба на атмосферска и фекална канализација на дел од булевар Алелсандар Македонски; помеѓу Град Скопје и Општина Бутел за опремување на сензорна соба; помеѓу Град Скопје и Општина Центар за уредување, озеленување и просторот помеѓу олимписки базен „Центар“, булевар „Кочо Рацин“ и улица „Истарска“; за уредување јавна зелена површина лоцирана позади Младински Културен Центар, како и за партерно уредување и озеленување на просоторот помеѓу булевар Гоце Делчев, Национална опера и балет, Национална филхармонија, Факултет за музичка уметност и Национална галерија.
Дополнително, на денешната седница советниците ќе расправаат и за Предлог- одлуките за пренесување на правото на трајно користење на статични контејнери за одлагање на комунален отпад; за давање дозвола за вршење дејност паркирање на МИ-ДА Моторс; за давање согласност за преземање вработен, како и за давање согласност на Одлуката за давање на донација на движен имот специјално возило пајак.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
