ГРАД СКОПЈЕ УРЕДИ НОВИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ 12.7.2019
Екипите на Град Скопје изминатиов период хортикултурно уредија и реконструираа повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот. На зелените плоштади и коридори е поставена мрежа за наводнување, уредени се нови тревници и цветни форми и се засадени садници.
Така, на булeварот Србија наспроти Џевахир Скај Сити на површина од 4.781 квадратен метар е уреден зелен плоштад со хидрантска мрежа и 50 прскалки. Со зеленило е уреден и просторот во Ново Лисиче меѓу булеварот Февруарски поход и улицата Тодор Чангов, на површина од 3.635 квадратни метри.
Зазелени и просторот меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во Чаир на површина од 3.590 квадрати, а уреден е и зелен коридор на булеварот 8.Септември во Карпош – на потегот меѓу булеварите Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, на површина од 3.479 квадратни метри.
Во текот на изминатите месеци со зеленило беа збогатени јавни површини и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, кај „Реплек“; на булеварот Партизански одреди, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и во близина на Универзалната сала, како и на просторот зад „Дрводекор“ и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.
Подигањето и уредувањето нови зелени површини е меѓу приоритетите на Град Скопје. Активностите за уредување на нови зелени плоштади и зелени коридори ќе продолжат и во текот на летово.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
