02.06.2022Град Скопје повторено објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје.
02.06.2022Екипи на ЈП „Градски паркинг“, по иницијатива на Град Скопје, а во соработка со екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве зголеми број на паркинг места за лицата со попреченост и ги обновуваат постојните во кругот на Клинички центар.
01.06.2022Екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија пресадување на повеќегодишно дрво од типот Платан, од улицата Васко Карангелески во општина Аеродром на избрана локација во Градскиот парк.
01.06.2022Градоначалничката Данела Арсовска денеска оствари средба со Цвика Брот, градоначалник на градот Бат Јам во Израел, на маргините на Меѓународниот форум за градоначалници што се одржува во Скопје.
01.06.2022Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска учествуваше и се обрати пред присутните на првиот Меѓународен форум за градоначалници што се одржа во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент.
01.06.2022Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска присуствуваше на отворањето на Правната клиника во средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“
01.06.2022Националната кампања „Подај рака и промени живот - стани згрижувач!“ која има за цел да поттикне што поголем број граѓани да станат згрижувачи на деца без родителска грижа стартуваше денеска, со настан што се одржа на плоштадот „Македонија“
31.05.2022Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре, 01.06.2022 година, ЈП Градски паркинг започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д
31.05.2022Екипите на ЈП Водовод и канализација изминатата недела интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани
31.05.2022Комуналните редари на Град Скопје континуирано спроведуваат контроли на терен, при што изминатава недела се изречени 8 казни за прекршување на Законот за јавна чистота
30.05.2022По повод одбележувањето на Денот на мултипла склероза, параплегија и дистрофија, денеска во Скопје во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, се одржа јавен настан под мотото „МС Поврзувања" за подигање на свеста...
30.05.2022Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје деновиве поставија 70 заштитни столпчиња на повеќе градски сообраќајници за да се спречи непрописното паркирање на возилата по пешачките и по велосипедските патеки.
29.05.2022Денеска екипите на ЈП Улици и патишта - Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување
28.05.2022Голем број граѓани, меѓу кои и вработени во градската администрација, вчера ја покажаа својата хуманост и солидарност, и даруваа крв во крводарителската акција што се одржа во просториите на Град Скопје
28.05.2022Градот Скопје заедно со јавните градски претпријатија и во координација со Општина Сарај успешно ја реализираа големата пролетна работна акција на подрачјето на оваа општина
27.05.2022Нова зелена јавна површина се уредува на кејот „Димитар Влaхов“. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на површина од 3.244 квадратни метри која е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки
27.05.2022Со асфалтирањето на третиот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, на потегот од улицата Разловечко Востание до булевар Илинден, целосно е реконструирана пешачката патека, на вкупна површина од 1300 квадратни метри.
27.05.2022Градот Скопје апелира да не се манипулира јавноста со фотографии од претходната состојба на патеката и проектот кој опфаќа реконструкција на целиот мост, кој е во интерес на сите граѓани и да не се злоупотребува за дневно политички цели.