Во среда ќе се прска против комарци 04.7.2022

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 06.07.2022 година (среда) ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Прскањето ќе се врши според следниот распоред:
1. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во текот на денот.
Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.