„Градски паркинг“ со санкции за 136 непрописно паркирани возила на јавни површини 01.7.2022
Во текот на изминатата недела (23.06 – 30.06.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 136 возила од јавните површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
