
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска 23.6.2022
Екипите на ЈП Улици и патишта денеска го почнаа асфалтирањето на последниот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, што е во насока од булевар Илинден кон Сити Мол, чија површина е околу 1.000 квадратни метри. Со асфалтирањето на овој потег целосно завршува реконструкцијата на пешачките патеки од двете страни на оваа фреквентна улица.
Во текот на денешниот ден рачно ќе се асфалтираат околу 300 квадратни метри на овој дел кај Сити Мол.
Екипите на ЈП Улици и патишта со завршувањето и на овој дел од патеката ќе ја завршат реконструкцијата на пешачките патеки со вкупно површина од 2.300 квадратни метри на потегот од бул.Партизански одреди до бул.Илинден. Во текот на изминатиот месец беше реконструирана патеката во насока од улица Разловечко востание кон бул.Илинден на површина од 1.300 квадратни метри.
На овој потег беа поставени и околу 100 заштитни столпчиња и истите ќе се поставуваат до крајот на реконструираните патеки штом заврши асфалтирањето и на последната фаза од реконструкцијата на пешачките патеките на улица Љубљанска.
- ВЕСТИ
- 05.07.2022 - Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк
- 05.07.2022 - Започнува меѓународниот фестивал на европски филм - CINEDAYS
- 04.07.2022 - Во среда ќе се прска против комарци
- 02.07.2022 - Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
- 01.07.2022 - „Градски паркинг“ со санкции за 136 непрописно паркирани возила на јавни површини
- 01.07.2022 - Започна да се реализира првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
- 30.06.2022 - Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
- 30.06.2022 - Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв
- 29.06.2022 - Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
- 27.06.2022 - Градоначалничката Арсовска додели награди и благодарници за најдобрите на регионалните средношколски натпревари