Во првите 24 часа се процесирани 51 барање од граѓаните преку 24@skopje.gov.mk

09.12.2021 Активно функционира електронската адреса за комуникација на Град Скопје со граѓаните 24@skopje.gov.mk како дел од програмата за отворен град 24 часа.

Повеќе

На барање на градоначалничката Арсовска е зголемена паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

09.12.2021 На барање на градоначалничката Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари ...

Повеќе

За првпат пренос во живо на седница на Совет на Град Скопје

09.12.2021 Денешната седница на Советот на Град Скопје е прва седница што се пренесува во живо за јавноста. Иако претходно беше ветувано, преносот во живо по долги напори и технички подготовки беше овозможен за првпат на денешната седница.

Повеќе

Арсовска: Од наредна недела се отпочнуваат редовни контакти со медиумите, ќе се елаборира што е она кое што се случува во градот

09.12.2021 Планирам да воспоставам еден поинаков можеби начин на соработка и од следната недела па натаму со отпочнување на редовни контакти со медиумите, не само со брифинзи туку и со прес конференции едноставно ќе се елаборира што е она кое што се случува во градот

Повеќе

Арсовска: За БРТ испланирале да потрошат 70 милиони евра без одлука на Совет на Град Скопје, а не се консултирани ниту граѓаните

09.12.2021 За БРТ превозот не постои ниту презентација пред совет на град Скопје, а и одлука на Совет на Град Скопје, а тие се претставниците на граѓаните во градот.

Повеќе

Арсовска: Скопјани на чекор до непрекината и непречена вело инфраструктура, и 25% намалување на паркинг услугите

09.12.2021 На скопјани и воопшто на граѓаните на Македонија мора да им се понуди соодветно решение, алтернативно решение доколку тие би сакале и би требале да го користат јавниот превоз или пак алтернативниот превоз.

Повеќе

Арсовска: Во првите 82 дена Скопје ќе добие Еко совет, експерти ќе ги даваат најдобрите решенија, ќе се реализира и проектот кај Мавровка за намалување на хаосот

09.12.2021 Целиот сообраќаен хаос е нешто на кое му е потребно сеопфатно решение. Нешто што прво ќе се реализира во првите 82 дена е градскиот Еко совет, место кое ќе ги обединува сите експерти, академската фела, луѓето кои треба да ги дадат најквалитетните решенија, изјави градоначалничката на град Скопје...

Повеќе

Арсовска: Досега се исчистени над 30 диви депонии, ќе се казнуваат сите кои го загрозуваат здравјето на скопјани

09.12.2021 Во текот на кампањата детектирани беа над 120 диви депонии во Скопје. Сега до овој момент имаме исчистено над 30 и тоа целосно, а во истата фаза поставуваме заштита во зависност дали е имотот на државата или приватни сопственици, истото да се заштити за да не фрлаат повеќе.

Повеќе

Арсовска: Градот ќе биде украсен за празниците, ги повикав сите компании да излезат во пресрет

09.12.2021 Градот ќе биде украсен и во секој случај тоа нема да биде во оној обем во кој што било други години, затоа што сега во овој случај не е само поради енергетската криза, туку и економската криза и ќе биде во помал обем, но сепак целиот плоштад и централното градско подрачје ќе биде соодветно украсено

Повеќе

Арсовска: Бесплатен јавен превоз ќе се одвива по етапи, ќе се работи на набавка на електрични автобуси

09.12.2021 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека бесплатниот јавен превоз е најавен како етапно спроведување. Првата фаза веќе е отпочната, а таа е ревидирање и оптиминизирање внатре во процесот.

Повеќе

Градот нема надлежност за регулирање на сообраќај, МВР да си ја врши професионално својата работа

07.12.2021 Градот Скопје реагира на изнесените невистини во соопштението од страна на Министерството за внатрешни работи и уште еднаш бара одговори за денешното исклучување на семафорите од страна на сообраќајната полиција која е под надлежност на МВР и предизвикување на сообраќаен хаос во градот.

Повеќе

Започнува реализација на проектот Скопје 24 часа во служба на граѓаните

06.12.2021 Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните.

Повеќе

Скопје на 10 декември ќе започне да се украсува за Нова Година

03.12.2021 На 10 декември започнува да се украсува градот Скопје за Нова година. На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат.

Повеќе

Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2021 година

03.12.2021 Градот Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, по 14-ти пат го реализира проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје за 2021 година.

Повеќе

Сите јавни институции во надлежност на Градот Скопје се задолжени за 60 дена да постават пристапни рампи за лица со попречености

02.12.2021 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености.

Повеќе

Градоначалничката Арсовска учествуваше во акција за садење дрвја во Рајскиот парк во Аеродром

01.12.2021 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска учествуваше во акцијата за садење дрвја во Рајскиот парк во општината Аеродром, организирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Повеќе

Уште неколку часа пријавување на јавниот повик за субвенции за чистење оџаци

30.11.2021 Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска (30.11.2021 година), на полноќ, се затвора Јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата и други субјекти на подрачјето на Град Скопје за надоместување на дел од трошоците за чистење оџаци за 2021 година.

Повеќе

Арсовска на билатерални средби со градоначалниците на главните градови од Балканот

30.11.2021 Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска оствари билатерални средби со градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и со градоначалниците на главните градови Атина, Костас Бакојанис, Подгорица, Иван Вуковиќ, Белград, Зоран Радојичиќ и Сараево, Бенјамина Кариќ ...

Повеќе

Арсовска: Да изградиме мостови на пријателство, соработка и солидарност меѓу нашите градови

29.11.2021 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се обрати на основањето на Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) во рамки на самитот што денеска и утре се одржува во Истанбул, Турција.

Повеќе

Градот Скопје ќе додели парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

25.11.2021 Градот Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на починатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.

Повеќе