Засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници 27.1.2022
Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници од кои на 6 им се изречени казни.
Воедно екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота, и изречени се 3 казни за прекршување на Законот за јавна чистота.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини. Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.
- ВЕСТИ
- 10.04.2024 - Соопштение за јавност
- 09.04.2024 - Соопштение за јавност
- 08.04.2024 - Соопштение за јавност
- 06.04.2024 - Соопштение за јавност
- 06.04.2024 - Соопштение за јавност
- 02.04.2024 - Соопштение за јавност
- 28.03.2024 - Соопштение за јавност
- 27.03.2024 - Соопштение за јавност
- 27.03.2024 - Соопштение за јавност
- 26.03.2024 - Соопштение за јавност