Отчет за реализирани ветувања во првите 82 дена на Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска 31.1.2022
Сите сакаме убав модерен град, Скопје кое ќе се трансформира од досегашното сивило и ќе добие нов лик, без сообраќаен хаос, без урбанистички хаос, ефикасна градска администрација без корупција.
За само 82 дена покажавме дека со многу труд и работа ништо не е невозможно.
Исчистивме повеќе од 120 диви депонии, ставивме крај на неказнивоста на загадувачите кои ги загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, нашата иднина и идината на нашите најмили.
Во Скопје повеќе нема заборавени населби. Нашите тимови ги посетуваат сите населени места, ги слушаат предизвиците на урбаните и месните заедници, на граѓаните, и со соодветни мерки и акциски план отпочнаа со спроведување на клучни проекти за конкретни решенија.
Воведовме редовни ноќни линии кои сообраќаат и за време на викендите. Изготвени се нови линиски редови со кои ќе се скратат временските интервали на кои пристугнуваат градските автобуси.
Во постојан контакт сме со граѓаните кои можат да ни се обратат на телефонска линија активна 24 часа, формиравме служба за брза реакција со тимови од градот и јавните претпријатија.
Формиравме Градски еко совет - Зелен совет кој ќе обезбеди стратешкото планирање за иднината на Скопје, со учество и креирање на политики од страна на експерти од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот и заштита на животната средина.
Во соработка со граѓанските организации Го сакам Водно и 02, отпочнавме со постапката каде Град Скопје во својата програма за 2022 година издвои средства за изработка на Просторен план за Заштитен предел – Водно. Воедно инициравме изработка на Предлог закон со цел прогласување на Водно за заштитена парк шума.
Ние постоиме за вас и го цениме вашето време, затоа токму поради тоа во функција е канцеларија која работи 24 часа со цел зголемена достапност до граѓаните.
Отпочнуваме со инфраструктурни и системски решенија за собраќајниот хаос во Скопје, дополнително ги враќаме одбројувачите на семафорите, а во функција се и зелените бранови на булеварите.
Инклузивноста е наш приоритет, јавните установи мора да бидат достапни за сите, обезбедивме пристапни рампи во градските институции како прв чекор на Скопје како град достапен и пристапен за сите.
Како исполнување на ветувањето предвидено во програмата, за прв пат во Град Скопје се покренува постапка за ветинг на директорите и раководителите, нулта толеранција на корупција со системски мерки за елиминирање на можностите за корупција и за спречување на судир на интереси.
Во овие времиња на тешка економска криза излеговме во пресрет на граѓаните и ги ја ревидиравме и прилагодиме проценката за данок на имот, а за 25 проценти ги намаливме цените на паркинзите кои се под надлежност на градот.
Го формиравме Советот за поддршка на женско претприемништво кој обединува 25 организации и експерти од областа, кои ќе делуваат со цел овозможување услови за зголемено економско јакнење и финансиска независност на жените.
Но направивме и повеќе од она што го ветивме за првите 82 дена.
По две години повторно во функција е жичницата до врв на Водно, на барање на скопјани.
Започнавме со проекти за проектирање, изградба и реконструкција на улиците ширум градот.
Го враќаме зеленилото со отпочнување на проектот за зголемување на зелените површини низ градот.
Законот важи подеднакво за сите, градот започна со зачестени контроли на редовен и вонреден неселективен инспекциски надзор и воспоставување на системски решенија за справување со загадувачите.
Парите на граѓаните веќе не се трошат за непродуктивни цели. Службените автомобили се на паркингот на Град Скопје по завршувањето на работното време, и вашите средства повеќе не се трошат по кафеани и на репрезентативни трошоци. Тие средства ги пренаменивме и со нив континуирано ќе се обезбедува храна за бездомните лица.
Чест и задоволство ми претставува што покажавме дека за 82 дена можеме суштински да го промениме начинот на кој се води градот.
Најдобрите денови за нашето Скопје се пред нас, од тука од Илинденска број. 82, најавуваме позитивни промени и подобар поубав град со кој сите ќе се гордееме.
- ВЕСТИ
- 09.10.2024 - Соопштение за јавност
- 08.10.2024 - Соопштение за јавност
- 01.10.2024 - Соопштение за јавност
- 25.09.2024 - Соопштение за јавност: Авионска и терестрична дезинсекција против комарци
- 20.09.2024 - Соопштение за јавност
- 20.09.2024 - Соопштение за јавност
- 18.09.2024 - Соопштение за јавност: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата
- 15.09.2024 - Соопштение за јавност
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата