Скопјани пијат чиста и безбедна вода 28.1.2022
Жителите на Скопје пијат чиста и безбедна вода, потврдија денеска од ЈП „Водовод и канализација“. Квалитетот на водата за пиење од водоснабдителниот систем во Скопје се контролира во Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“, чиј составен дел се акредитирани лаборатории според ISO 17025. Преку процесот на контрола, кој подразбира постојан мониторинг и запазување на високите стандарди, се потврдува квалитетот и безбедноста на водата за пиење, која високо котира во европски рамки.
Во работна посета на Секторот за санитарна контрола денеска беше и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, кој се запозна со процесот на работа и процесот на контрола на водата, кој секојдневно се изведува преку примероци од повеќе од 50 мерни места во градот Скопје.
Покрај запознавањето со процесите кои се изведуваат во хемиската, микробиолошката и молекуларната лабораторија, Перински се запозна и со тековните проекти. Тој беше информиран и за оперативноста на Секторот за санитарна контрола чии лаборатории врз основа на своите достигнувања се доближуваат до лабораториите на европско и светско ниво.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
