ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА И ВТОРАТА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ

04.09.2020 Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Лазар Личеноски, на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 131 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

03.09.2020 Во текот на изминатата недела (27.08 – 02.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 131 возило од јавните површини.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ ПРАВИ НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО КАРПОШ 2

03.09.2020 На булеварот Илинден, до гимназијата „Орце Николов“, екипи на Град Скопје од денеска уредуваат нов зелен сквер. Во едниот дел од овој зелен простор наскоро ќе се оформи детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел ќе се формираат патеки, ќе се постават клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и осветлување. Просторот ќе биде облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници.

Повеќе

СО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА, УЛИЦАТА ЏОН КЕНЕДИ ЌЕ ДОБИЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ И ОСЛОБОДЕНИ ТРОТОАРИ

02.09.2020 Улицата Џон Кенеди, во општината Чаир, за помалку од два месеца ќе добие нов лик. Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на коловозот на оваа значајна сообраќајница, на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Повеќе

РЕКОРДНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ ВО СКОПЈЕ

01.09.2020 До крајот на август оваа година урнат е годишниот рекорд од 100.000 квадратни метри уредени зелени површини поставен во 2018 година.

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 248 ВОЗИЛА

31.08.2020 Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.

Повеќе

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА БОЦА ИВАНОВА, ВО БУТЕЛ

31.08.2020 Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Боца Иванова, во општината Бутел, на потегот од кружниот тек до улицата Лазар Трповски. На оваа делница со должина од 800 метри ќе се обнови коловозот, а ќе се нивелираат и постојните шахти и сливници.

Повеќе

ЧИТАЛНИТЕ ВО БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ЌЕ РАБОТАТ ОД 8 ДО 19 ЧАСОТ

29.08.2020 Од 01.09.2020 година читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работат од 8 до 19 часот, од понеделник до петок. За работа на читалните ќе важи посебен протокол, за да се овозможи заштита на корисниците и на вработените од ширењето на коронавирусот.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 167 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

27.08.2020 Во текот на изминатата недела (20.08 – 26.08.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 167 возила од јавните површини.

Повеќе

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРОТИВ КОМАРЦИ ЌЕ СЕ ПРСКА ОД ЗЕМЈА

27.08.2020 Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 31.08.2020 година (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 04.09.2020 година (петок), а ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.

Повеќе

ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА УШТЕ ЕДНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ВО ГАЗИ БАБА

27.08.2020 На улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба од денеска се изведуваат градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз. Оваа втора фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски ќе го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.

Повеќе

СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПОЛУГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА

26.08.2020 Советот на Град Скопје на денешната седница расправа за Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година, за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година.

Повеќе

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО

26.08.2020 Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот Видое Смилевски Бато, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата Февруарски поход.

Повеќе

ЗАСИЛЕНИТЕ КОНТРОЛИ ПРОТИВ ПАРКИРАЊЕТО НА ПЕШАЧКИ И НА ВЕЛОПАТЕКИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ

26.08.2020 Засилените контроли и мерки кои изминатиов период ги преземаа градските комунални редари и инспектори за да се спречи непрописното паркирање на возилата на пешачките и велосипедските патеки почнаа да даваат резултати.

Повеќе

НАЈУСПЕШНИТЕ МАТУРАНТИ НАГРАДЕНИ НА СРЕДБАТА НА ПРВИОТ СО НАЈДОБРИТЕ 2020

25.08.2020 Градоначалникот Петре Шилегов денеска додели специјални признанија и парични награди на 32 матуранти - првенци на генерацијата 2016 - 2020 и 2017 - 2020 од 23 скопски средни училишта, на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли ан.

Повеќе

ЈАВНА ТРИБИНА: ПОТРЕБНА НИ Е НОВА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

25.08.2020 Претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот и архитектурата, како и претставници на организатори на фестивали и културни манифестации денеска разговараа за моменталната состојба во која се наоѓа Универзалната сала...

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 354 ВОЗИЛА

24.08.2020 Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно.

Повеќе

ГРАДСКИТЕ ИНСПЕКТОРИ ТРАГААТ ПО ОДЛОЖУВАЧОТ НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД КАЈ САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

24.08.2020 И овој викенд продолжија активностите на екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“, каде беа спроведени акции за контрола на јавните површини, а во врска со непрописното фрлање отпад.

Повеќе

ВОНРЕДНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

24.08.2020 Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци.

Повеќе

ВОНРЕДНОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ СЕ ОДЛОЖУВА ЗА ВО СРЕДА

24.08.2020 Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради денешното влошување на временските услови и најавите за нестабилност во текот на утрешниот ден, најавеното авионско прскање против комарци за 25.08.2020 година (вторник) се одложува за наредниот ден.

Повеќе