ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ ОБНОВЕНА УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ВО ГАЗИ БАБА 25.09.2020

Со ноќното бележење на улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба цел месец пред предвидениот рок завршија  градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз.

Втората фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.

Вредноста на договорот за реконструкција на овој дел од улицата Благоја Стефковски изнесува околу 13,4 милиони денари со пресметан ДДВ, а рокот за изведба беше 60 дена.

Минатата година беше реконструиран потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков, а во  третата фаза од реконструкцијата на оваа улица  е предвидено да биде опфатен потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје - Белград,  со што целосно ќе биде реконструирана главната улица што  ги поврзува населбите Маџари и Ченто.

Реконструкциите на градските сообраќајници станаа еден од  приоритетите на Град Скопје и се завршуваат во рекордно кратки рокови.