03.12.2019 По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3 декември, во Музеј на Град Скопје во организиција на граѓанската асоцијација Цивил се одржа панел дискусијата под наслов „Рампа“, посветена на (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во општеството, како и на процесите за деинституционализација и пристапноста до услугите од институциите на локално и на национално ниво.