СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК ВО ЧАИР, МЕЃУ УЛИЦИТЕ ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА И КЕМАЛ СЕЈФУЛА 22.1.2020
Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изградба на кружен тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула, во општината Чаир. Градежните работи на новиот кружен тек се очекува да завршат за околу два месеца, во зависност од временските услови.

- Оваа локација ја одбравме токму поради тоа што густината на сообраќајот на оваа раскрсница е голема, а во близина се наоѓаат основно и средно училиште, како и Поликлиниката „Чаир“. За да ја зголемиме безбедноста во одвивањето на сообраќајот сега овде градиме кружен тек, а ќе се постави и водоводна и канализациона мрежа. Ќе бидат инсталирани и 40 нови канделабри со висина од 7 метри за да се осветли овој потег. Целата инвестиција на Град Скопје во овој проект е околу 19 милиони денари. Нашата крајна цел е во целиот град инфраструктурата рамномерно да се развива. Во минатото, овој дел од градот бил запоставен, нешто што сериозно го исправаме во изминативе две години - рече денеска градоначалникот Шилегов.

На почетокот на градежните работи на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
- ВЕСТИ
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
