НАД 60.000 ГРАЃАНИ ЈА ДОЧЕКАА НОВАТА 2020 ГОДИНА ВО СКОПЈЕ СО СПЕКТАКУЛАРНО ШОУ НА ДИНО МЕРЛИН 01.1.2020
Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин. Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.


Новогодишната забава во срцето на Скопје вчеравечер почна уште во 20:30 часот со настапот на музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ кои ја загрејаа атмосферата во студената новогодишна ноќ и го најавија новогодишното шоу на Дино Мерлин.

Плоштадот „Македонија“ изминатиов месец беше центар на новогодишните и Божикните празнувања во Скопје, а граѓаните имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот. Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти наменети за различни возрасти.

Градот Скопје и тимот на Дино Мерлин Ви посакуваат среќна и бериќетна Нова 2020 година исполента со добро здравје, многу љубов и голем успех.

- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
