Отворен повик – двојна изложба во градот Руен 16.1.2020

Во рамки на eвропскиот проект CreArt. Network of Cities for Artistic Creation објавен е Отворен повик за двојна изложба во градот Руен во Франција, партнер на Град Скопје во овој проект.

Градот Руен, во соработка со уметничкиот фестивал Руен Импресионе, ги поканува сите уметници од мрежата CreArt (родени или жители на Ваљадолид - Шпанија; Џенова и Лече - Италија; Клермон - Феранд / Франција; Загреб - Хрватска; Каунас - Литванија; Лублин и Катовице - Полска; Авеиро - Португалија; Скопје - Северна Македонија, да аплицираат на отворениот повик.

Фестивалот Руeн Импресионе е исклучителна улична уметничка изложба во градот на отворен простор, на која се прикажани мурали од локални, национални и меѓународни уметници, поканети да комуницираат со урбаното и социјалното опкружување на нивните продукции.

Повикот е отворен до 27.01.2020 година.

Повеќе информации на следниов линк:

https://creart2-eu.org/open-calls/creart-dual-exhibition-in-rouen-2019-dual-mural-within-rouen-impressionnee?fbclid=IwAR0OZE4RSZm3qXGwMaogklLro0eB6qWf489r8VdW4UKRUi2xMpmj2ZEEaNg