ЗАВРШИ ЕДИНАЕСЕТТАТА МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СКОПЈЕ 2016“ 01.9.2016
![]() |
![]() |
Вчеравечер /31.08.2016 година/ свечено беше затворена единаесеттата по ред Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“, која се одржуваше од 22 до 31 август во хотелот „Солун”, во организација на Музејот на град Скопје и хотел „Солун“, а под покровителство на Град Скопје.
Колонијата традиционално беше затворена со презентација за пошироката јавност на делата на уметниците изработени за време на престојот во Скопје, како и со свечен коктел на кој присуствуваа сите учесници на годинешнава ликовна колонија.
- Ми претставува особено задоволство што уметниците-гости на колонијата и оваа година имаа можност да работат, да го восприемат градот и да ја доживеат неговата визура од самиот негов центар, бидејќи хотелот „Солун“ пружа погледи кон Старата скопска чаршија, Скопското Кале, централното градско подрачје и плоштадот „Македонија“ со многубројните културно-историски споменици и обележја. На колонијата секоја година учествуваат уметници од Македонија и од странство. Нашите гости од странство, кои во овие тешки моменти за градот Скопје сепак ни се придружија на колонијата, годинава ни доаѓаат од Париз, Софија и од Крагуевац. На уметниците-учесници во оваа колонија им се заблагодарувам за нивното учество и за сликите кои ни ги оставија во трајно наследство, а Вам драги гости и уметници од странство, Ви посакувам враќањето во Вашите земји да биде придружено со спомени кои што ќе Ве натераат еден ден повторно да се вратите во Скопје и во Република Македонија - истакна вчера градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Оваа година на своите ликовни дела потпис ставија десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини - Марина Лешкова, Олгица Антовска, Дороти Пачкова, Беган Деари, Александар Поповски и Глигор Васков од Македонија, како и Ноел Андре Периер од Франција, Александра Мириќ од Србија, Предраг Пеѓа Ракиќевиќ од Србија и Петја Денева од Бугарија.
Учесниците во Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ престојуваа во хотелот „Солун“, лоциран во централното јадро на Скопје, а твореа во просториите на Музејот на град Скопје. Со оглед на тоа што централното градско јадро е пешачка зона, намерата на организаторите беше на учесниците на колонијата
да им се предочи богатата разноликост од архитектура, културна историја и традиција. Во близината се наоѓа и Старата скопска чаршија која е интересна по својата архитектура и старите занаети и претставува една од најголемите ориентални чаршии на Балканот.
Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ традиционално се одржува под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
