Соопштение за јавност 10.3.2026
Почитувани,
Во врска со денешниот немил настан што се случи на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, при кој камион со скопски регистарски таблички удри во семафор, а едно лице учесник во сообраќајот беше повредено, ја информираме јавноста дека надлежните служби веднаш излегоа на терен и работат на санација на настанатата штета и на нормализирање на сообраќајот.
Екипите се ангажирани на отстранување на оштетената сообраќајна сигнализација и на враќање на локацијата во првобитна состојба, со цел што побрзо да се воспостави безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Ја информираме јавноста дека трошоците за санација и повторно поставување на сообраќајната сигнализација ќе бидат фактурирани на товар на причинителот на штетата, согласно важечките прописи.
Министерството за внатрешни работи е на терен, а увидот за утврдување на околностите под кои се случил настанот е во тек.
Воедно апелираме до возачите за трпение и внимателно движење додека целосно не се расчисти коловозот и сообраќајот не се нормализира.
- ВЕСТИ
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
