ПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦИTЕ ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА 02.9.2016
![]() |
![]() |
![]() |
Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска /02.09.2016 година, петок/, почнаа да ја асфалтираат улицата по должината на каналот во Синѓелиќ, како дел од големата акција за асфалтирање на поголем број улици и краци во Синѓелиќ и во другите поплавени подрачја.
- Денеска присуствуваме на почетокот на градежните активности за асфалтирање на оваа улица што се наоѓа по должината на каналот во Синѓелиќ, со должина од 450 метри и ширина од 4 метри. Вкупно ќе биде асфалтирана површина од 1.800 квадратни метри. Задоволни сме како се одвиваат градежните работи, и досега сите улици се 100 проценти исчистени и проодни во сите населени места погодени од поплавите, а повеќето од нив се и тампонирани. За краток период се исчистени и дворовите на куќите – истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Оваа улица е прва од низата улици што ќе ги асфалтира и обнови ЈП „Улици и патишта“, а коишто беа оштетени во поплавата на 6 август.
- Финансиските средства за асфалтирање на овие улици ги обезбеди Град Скопје, со Одлуката што ја донесе Советот на Град Скопје, а со која за помош на поплавените подрачја се одвоени 2, 5 милион евра или околу 150 милиони денари. Дополнителна помош имаме и од Владата на Република Македонија. Во оваа пригода сакам да упатам голема благодарност до сите фирми кои беа ангажирани и помогнаа за санација на штетите предизвикани од поплавите, и до сите координатори кои несебично помогнаа и имаа важна улога во организацијата на теренските работи– изјави градоначалникот Трајановски.
На почетокот на асфалтирањето на оваа улица беа присутни и вицепремиерот во Владата на РМ, Владимир Пешевски, министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
