ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА 02.9.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /02.09.2016 година, петок/ оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Рамон Абароа Каранза (Ramón Abaroa Carranza).
На средбата амбасадорот Каранза изрази длабоко сочувство за жртвите од поплавените подрачја од големото невреме кое на 6-ти август го зафати скопскиот регион. Тој додаде дека Кралството Шпанија зеде активно учество во справувањето со надминувањето на штетите во форма на донации.
На средбата се дискутираше за досегашната соработка на Република Македонија со Шпанија, како и конкретната соработка помеѓу единиците на локалната самоуправа од двете држави, при што се заклучи дека е потребно нејзино интензивирање, пред се во областа на економската соработка.
Од 2008 година Градот Скопје е збратимен со Градот Сарагоса.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
