
ДОБРОТВОРЕН МЕЃУНАРОДЕН БАЗАР 03.6.2016
Градот Скопје и „Добредојде Македонија велком центар“ (Dobredojde - Macedonia Welcome Centre) и годинава по шести пат ќе се вклучат во одбележување на 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, преку организирање на Добротворниот меѓународен базар.
Почесен преседател на Добротворниот меѓународен базар 2016 е Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Македонија, а главен покровител е Град Скопје.
Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца од улица – Шуто Оризари.
Добротворниот базар ќе се одржи на 4 јуни, сабота, во Градскиот трговски центар (приземје) со почеток во 11 часот.
Средствата од Базарот во 2015 година беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец, а од Базарот во 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златан Сремец“,Скопje. Во 2013 година парите беа наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром – Скопје, додека во 2012 година беа наменети за поддршка на децата во посебното основно училиште „Илинден“Скопје.
На програмата на базарот се и музичко-сценски настап на ученици од: Американско училиште (American School), Британска детска академија (Британска градинка), Дневен центар за деца од улица – Шуто Оризари, Француско меѓународно училиште, КУД „Цветан Димов“, Меѓународно училиште НОВА, Меѓународно училиште Кју – Ес – Ај (QSI), НВО Сумнал, Центар за модерни и спортски танци „Прима Данца“, лотарија и доделување благодарници на учесниците и на спонзорите.
Aмбасадите на Албанија, Бугарија, Велика Британија, Италија, Иран, Србија, САД, Кина, Словачка, Словенија, Турција, Франција, Црна Гора, Шпанија, Холандија и Катар ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји.
Во базарот се вклучени и ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа, Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), делегацијата на УНИЦЕФ, Скопје и делегацијате на Европската унија.
- ВЕСТИ
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 17.08.2025 - Соопштение за јавност
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност
- 08.08.2025 - Соопштение за јавност
- 07.08.2025 - Соопштение за јавност
- 06.08.2025 - Соопштение за јавност
- 05.08.2025 - Соопштение за јавност
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци