НАД 2 ИЛЈАДИ УЧЕСНИЦИ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ПРВ ДО ВРВ 2016“ 04.6.2016

   
         
   

 

 

 

Повеќе од 2 илјади спортисти и рекреативци зедоа учество во овогодинешното издание на најмасовниот планински настан во Македонија „Прв до врв 2016“, којшто се одржа денеска /22.05.2016 година, недела/ на планината Водно.

И оваа година за сите учесници во оваа манифестација беа предвидени голем број на активности и настани.

Во натпреварувачкиот дел оваа година се одржаа поголем број на трки, како што се трките во планинско трчање, планинарење, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Дел од наградите за најдобрите натпреварувачи во трките ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Ми претставува задоволство што оваа прекрасна спортска манифестација од година во година станува се помасовна, за оваа четврта година од нејзиното постоење, на истата да учествуваат рекордни над 2.000 учесници. Честитки до сите учесници и победниците, како и до организаторите на „Прв до Врв 2016“, а Градот Скопје и во иднина ќе продолжи да ја помага оваа одлична спортска  манифестација - кажа градоначалникот Трајановски.

На овогодинешната манифестација „Прв до Врв 2016“ беа постигнати следните резултати.

 

ТРКА – ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

 

Женска категорија

 

1. Ивета Алексиева

2. Елена Јорданова

3. Сања Милорадовиќ

 

Машка категорија

 

1.Даниел Јаковлевски

2. Благоја Перуновски

3. Никола Ѓукиќ

 

Награда за најдобар тим во друмски велосипедизам ја доби тимот на „Енерџи“.

 

ТРКА – ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

 

Женска категорија

 

1. Цвета Кушовска

2. Андријана Дафева

3. Сања Николовска

 

Машка конкуренција

 

1. Александар Грујовиќ

2. Иван Бачовски

3. Александар Марковски

 

Награда за најдобар тим во планински и друмски велосипедизам ја доби тимот на „Енерџи“.

 

ТРКА - ТРЧАЊЕ

 

Женска конкуренција

 

1. Марија Стојановска

2. Росица Костова

3. Весна Ќираџиева

 

Машка конкуренција

 

1. Штефан Вебел

2. Атанас Анчевски

3. Александар Кираџиев

 

Надвор од натпреварувачкиот дел од манифестацијата, се одржа олимпискиот пикник на целта кај врвот, каде се одржа и музички еко фестивал на кој настапија групата Бета Хаус, Слаткаристика и DJ Гоце САФ.