КОНФЕРЕНЦИЈА „УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ-СТЕКНАТИ ЗНАЕЊА И РЕЗУЛТАТИ“ 04.10.2016

Денеска /04.10.2016 година/ се одржа втората конференција, во рамки на проектот „Поттикнување на договори за гарантирање на енергетски карактеристики при реконструкција на улично осветлување“, кофинансиран од Програмата Интелигентна енергија во Европа, а спроведуван  од проектните партнери, здружението МАЦЕФ и Град Скопје.

Конференцијата е поддржана од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој во своето поздравно обраќање пред присутните  истакна дека:

Пред околу две ипол  години на ова исто место го означивме започнувањето на реализацијата на проектот „Улично осветлување – ЕПЦ“. Денеска сме заедно да ги погледнеме резултатите поврзани со темата: можности во Македонија за реализирање на Договори за Енергетски услуги и отворање на ЕСКО компании, конкретно во делот на уличното осветлување.Резултатите и заклучоците од спроведениот проект, како и научените лекции ќе Ви бидат презентирани од нашиот партнер во проектот МАЦЕФ, но, јас сакам да напоменам дека една од научените лекции е потребата од заедничка работа на сите нас општини, финансиски институции, агенции и невладини организации, доколку сакаме да постигнеме успех, не само во развивање и промоција на нови идеи туку и   во нивната реализација. Како пример за успех од заеднички реализирани активности е развивањето на алатки за реализација на активности на полето на улично осветлување кое ќе ни овозможат на граѓаните да им понудиме улично осветлување со најнова технологија, помало загадување, енергетска ефикасност и користење на помалку средства од општинските буџети-заклучи градоначалникот Трајановски.

Конференцијата „Улично осветлување-стекнати знаења и резултати“ има за  цел да ги презентира досегашните и стекнатите резултати за изминатиот период врз база на истражувањето на пазарот во Република Македонија. Целта, пак, на направените истражувања беше да се утврди моменталната состојба во Република Македонија за поттикнување и спроведување на договорот за гарантирање на енергетските карактеристики при реконструкција на уличноо осветлување.

На Конференцијата покрај проектните партнери МАЦЕФ и Град Скопје своја презентација имаа и  бизнис субјекти од енергетскиот и од финансискиот сектор.