ДОДЕЛЕНИ ПОФАЛНИЦИ И БЛАГОДАРНИЦИ ЗА СРЕДНОУЧИЛИШНИТЕ ЛИГИ ЗА УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА 06.6.2016

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /26.05.2016 година, четврток/, им додели пофалници и благодарници на директорите, на професорите за спорт и спортски активности и на претставниците од спортските екипи од 29 средни училишта од Скопје, за постигнатите успеси во средноучилишните лиги на Град Скопје, за учебната 2015/2016 година.

 - Град Скопје, редовно од 2009 година наваму, преку организација и реализација на Сојузот на СРЕДНОУЧИЛИШЕН СПОРТ во СКОПЈЕ, финансира и инвестира во развојот на средноучилишниот спорт во Скопје, годишно од 1.500.000 до 2.000.000 денари. Како еден статистички податок, ако во 2009 година во лигите учествувале околу 6 средни училишта во Скопје, со опфатност на ученици – спортисти од 5% учество (околу 300 ученици), до 2015 година со тековните активности што ги презема Град Скопје заедно со средните училишта, учеството на екипите од средните училишта во сите спортски активности е зголемено за 25%. Во оваа учебна 2015/2016 година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 241 екипа, кои  одиграа преку 1000 натпревари, и во кои учествуваа околу 6100 ученици од 29 средни училишта во градот Скопје. Преку целата учебна година се 10 лиги  во ракомет  за мажи и жени  со 38 екипи, во кошарка за мажи и жени  со 39 екипи, во футсал  за мажи и жени  со  48 екипи, во одбојка  за мажи и жени  со 43 екипи, во пинг – понг за мажи и жени  со        38 екипи и во стрелаштво за мажи и жени  со 35 екипи. Во делот на индивидуалните и преостанатите спортови се организираат натпревари и во: атлетика, бадмингтон, карате и шах. Финалните натпревари, традиционално се одигруваат во месец Мај, на препознатливиот градски ФАЈНЛ ФОР, каде што од најдобрите четири средношколски екипи од градот Скопје, се добива градски првак во сите колективни спортови. Градскиот првак и второпласираниот од скопскиот регион најголем во Македонија, одат на финалните натпревари на државно ниво.Како податок, од последните државни натпревари за последните учебни години, средните училишта од градот Скопје на државното првенство на средни училишта од цела Македонија – Гимназијада која се одржа во Куманово од 5 до 7 мај оваа година, освоија 15 златни, 6 сребрени и 6 бронзени медали, истакна градоначалникот Трајановски.

Во своето обраќање  градоначалникот Трајановски потенцираше и дека е задоволен и горд на одлични резултати на репрезентациите на Град Скопје што ги постигнуваат на меѓународните натпревари со збратимените и главните градови на земјите околу нас и потсети дека такви натпревари имаше во  Ниш, Белград, Софија, Љубљана, Загреб и Истанбул, каде што  нашите учесници излегоа како севкупни победници во натпреварите против нивните соодветни селекции.

- Сакам да истакнам дека оваа година кон крајот на месец септември ќе бидеме домаќини на сите овие градови каде што бевме гости. Затоа, Ве повикувам сите да се вклучиме во организацијата на овој за Град Скопје голем настан и со ваша помош уште еднаш да го потврдиме нашето гостопримство и да го претставиме Скопје во вистинско светло како град на солидарноста и град во кој спортот го зазема вистинското место. Со овие активности, со инвестирањето во инфраструктурата, училишниот и врвниот спорт, Скопје полека но сигурно ќе стане регионален спортски центар на Балканот и Европа, рече градоначлникот Трајановски.

Пофалници им беа доделени за освоени пехари и медали во натпреварите од средноучилишните лиги на ниво на Скопје и на државно ниво, а благодарници на преостанатите учесници во лигите.

 

 

ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ ОД НАСТАНОТ НА СЛЕДНАТА ИНТЕРНЕТ ВРСКА