СТАРТУВА МЕЃУНАРОДНИОТ МЛАДИНСКИ ТУРНИР ВО ФУДБАЛ „СКОПЈЕ КУП 2016“ 06.8.2016
Над 700 млади фудбалери присуствуваа на свеченото отворање на третото издание на Меѓународниот младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2016“, кое се одржа вчера /05.08.2016 година, петок/ на плоштадот „Филип Втори“.
Меѓународниот младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2016“ за отворен го прогласија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски.
- Чест е да се биде домаќин на еден ваков масовен и квалитетен фудбалски турнир, третиот „Скопје Куп“, особено кога станува збор за интернационален младински турнир со околу 700 натпреварувачи коишто ни доаѓаат од Србија, Хрватска, Бугарија, В. Британија и домаќинот
Македонија. Верувам дека, како и минатите две години, во наредните 7 денови љубителите на фудбалот ќе имаат пријатна можност да уживаат во вештините на фудбалерите родени 2000 и 2002 година. На сите учесници и на нивните фудбалски педагози им пожелувам среќа и фер – плеј игра, секако и пријатен и незаборавен престој и дружење во главниот град на Република Македонија – кажа градоначалникот Трајановски.
Турнирот ќе трае до 11 август 2016 година, а на фудбалскиот турнир ќе учествуваат 28 екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и од Велика Британија, поделени во две категории (фудбалери родени 2000 година и помлади и 2002 година и помлади). Од македонските екипи, на овој турнир ќе учествуваат Вардар-Скопје, Металург-Скопје, Шкендија-Тетово, Беласица-Штип, Академија Пандев-Струмица, а од екипите од регионов силите ќе ги одмерат: Партизан, Војводина и Реал Ниш од Србија, Ботев Пловдив и Септември од Бугарија, Сесвете, Осјек и Буба мара од Хрватска и Про тач од Велика Британија.
Натпреварите ќе се одиграат на 5 фудбалски терени, односно на стадионите: Илинден 1, Горче Петров, ФФМ, Цементарница и Илинден 2.
Скопје за реализација на овој значен меѓународен младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2016“ од буџетот издвои 170. 000 денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
