ПОЧНА „СКОПСКИ ЛЕТЕН РИТАМ“ 06.8.2016
Со настапот на Тања Стојановска и Михајло Стојанов на класични гитари, вчеравечер /05.08.2016 година, петок/ на плоштадот Мајка Тереза, пред платото на МОБ, почна проектот „Скопски летен ритам“. Дел од публиката којашто присуствуваше на вчерашниот концертот беше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во рамките на Улични музичари и артисти, годинава ќе се реализира и проектот „Скопски летен ритам“, на централнoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет, на Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија и на Плоштадот Богородица.
На секој од плоштадите неделно, почнувајќи од вчера, во првите две недели по 20:30 часот, а потоа после 20 часот ќе се одржат од 6 до 7 настани, истите во соработка со изведувачи солисти или музички групи од сите генерации, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика.
На плоштадот Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет ќе настапуваат изведувачи на класична и сериозна музика. На плоштадот ВМРО ќе има богата детска програма и во подоцнежните часови програма наменета за млади; на плоштадот Богородица ќе настапуваат изведувачи на фолклорна и етно музика, а на плоштадот Македонија ќе има богата програма од различни жанрови и за сите генерации.
Настапите ќе се одвиваат во петок, сабота и во недела, ќе траат до крајот на месец септември, а доколку се поволни временските услови може да има настапи и во месец октомври.
Директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, најави 40 настапи на околу 100 учесници и богата и разновидна програма наменета за граѓаните и туристите во Скопје.
Целта на овој проект е културно заживување на централното градско подрачје преку урбаната култура и генерирање нова и стара публика со квалитетна културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
