СЕ УСВОИ ПРОГРАМАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ 06.10.2016

Денеска /06.10.2016 година, четврток/ Советот на Град Скопје ја одржи својата седумдесет и втора седница, каде беа усвоени поголем број на одлуки и програми.

На седница на Советот на Град Скопје беше усвоена програмата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.

На седницата Советот на Град Скопје беа донесени следните одлуки: Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт И 16, Скопје; Одлука за пренесување на право на сопственост на опрема, реквизити и справи за лица со посебни потреби на СЕТУГС “Михајло Пупин“; Одлука за пренесување на право на сопственост на опрема, реквизити и справи за лица со посебни потреби на СГГУГС “Здравко Цветковски“; Одлука за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца - Детска градинка “Кочо Рацин“ - Општина Центар – Скопје; Одлука за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје; Одлука за разрешување и именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје; Одлука за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје; Одлука за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје; Одлука за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје; Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за подмирување на обврските за струја за водовод во општина Сарај – село Буковиќ; Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на улица во Крушопек; Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за санирање на локални улици во Свиларе и Кондово; Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Аеродром за финансиско учество за реконструкција на улица Мите Богоевски 1; Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на субвенција на ЈСП „Скопје“ – Скопје за 2016 година; како и Програмата за изменување и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема – рекламни паноа на подрачјето на град Скопје за периодот 2012-2027 година.