ПРЕТСТОЈНИОВ ВИКЕНД АНИМИРАНА АВАНТУРА ВО КИНО ФРОСИНА 08.5.2016

Претстојниов викенд во кино Фросина во Младинскиот културен центар- Скопје, продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“ ги носи најмладите на анимирана авантура со филмови синхронизирани на македонски јазик.

На големото платно в сабота и  в недела, точно напладне ќе се разиграат две мачки, кои ќе ја раскажат „Големата авантура на Пим и Пом“, а Лео, познат и како „Момчето фантом“ ќе покаже како се станува невидлив и се поминува низ ѕидови. И сите зборуваат на македонски јазик за да може секое дете од 4 до 10 години јасно да ги разбере. 

Синхронизацијата на филмовите е поддржана од Агенција за филм на РМ.

Големата авантура на Пим и Пом ќе се прикажува в сабота од 11 часот и в недела од 13 часот.

Големата авантура на Пим и Пом, синхронизиран на македонски јазик, раскажува за пријателството меѓу импулсивните и авантуристички мачки Пим и Пом, кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат сообидуваат да го најдат патот до дома. Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога доаѓаат на посета нејзините внуки сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се  спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен, со доза на акција филм, има стилизиран изглед што потсетува на 1960-те и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците. Филмот од 2014 година и е во режија на Глорија Смит. Времетраење: 70 минути.

Момчето фантом ќе се прикажува в сабота од 13 часот и в недела од 11 часот.

Момчето фантом, синхронизиран на македонски јазик, е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е супер херој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. Станува збор за продукција од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол. Времетраење: 84 минути.

Цената на билетите е 60 денари.