УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПРВОТО ТРОМЕСЕЧЈЕ ОД 2016 ГОДИНА 08.6.2016
Советот на Град Скопје на својата 66 седница која што се одржа вчера /31.05.2016 гдина, вторник/ го усвои Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2016 година за периодот 01.01. – 31.03.2016 година.
Покрај овој извештај, Советот го усвои и Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Град Скопје за периодот од 01.01.2015-31.12.2015 година.
Покрај овие изваштаи, Советот на Град Скопје усвои и поголем број на урбанистички планови, каде се донесени Урбанистички план за четврт СИ 03, Урбанистички план за четврт ЈИ 01, како и Урбанистичкиот план за четврт С 06, Скопје.
Покрај овие, Советот ги донесе и одлуките за давање на користење возило на ЈСП “Скопје“-Скопје, за одобрување набавка на фризерска опрема,прибор и апарати, за дополнување на Одлуката за ослободување на инвеститорот од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на средно училиште во Општина Сарај, за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП “Градски паркинг “-Скопје, како и Програмата за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2016 година.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
