ПОКАНА 08.7.2016

Утре /07.07.2016 година, четврток/ во 13 часот Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 68-ма седница.

На оваа седница Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записникот од шеесет и шестата седница на Советот на Град Скопје

 

1. Предлог-Одлука за збратимување на Градот Скопје со Градот Тирана;

2. Предлог-Одлука за збратимување на Градот Скопје со Градот Сараево;

3. Информација за рушење на градската плажа покрај Камен мост на реката Вардар и за други проекти на Градот Скопје на реката Вардар;

4. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел за реализација на проект за изградба на фекална канализација во с. Љуботен, Општина Бутел;

5. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар заради остварување на заедничка цел за отстапување на правото на градење пристапни улици;

6. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за изведба на фекална канализација по дел од улица Новопроектирана 3 и покривање на атмосферски канал непосредно до улицата Новопроектирана 1;

7. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за  воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради изградба на фекална канализација во с. Црешево, с. Смиљковци и с. Виниче;

8. Предлог-Одлука за внатрешна организација на Град Скопје;

9. Предлог-Одлука за започнување на ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Град Скопје од сите ризици и опасности;

10. Предлог-Одлука за определување на субјекти на кои им се доставува Процената на загрозеност на подрачјето на Град Скопје од сите ризици и опасности;

11. Предлог-Одлука за утврување на надоместок за граѓаните во извршувањето на правата и должностите во заштитата и спасувањето;

12. Предлог-Одлука за прием и отстапување на нафтени деривати на Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“-Скопје;

13. Предлог-Одлука за давање донација на 14 светилки и 14 метални столбови на Општина Гази Баба;

14. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје за 2015 година;

15. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје за 2015 година;

16. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје за 2015 година;

17. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈСП „Скопје“ - Скопје за 2015 година;

18. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје за 2015 година;

19. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје за 2015 година;

20. Извештај за целокупното работење на Дрисла-Скопје ДОО Батинци, Студеничани за периодот од 01.01. до 31.12.2015 година;

21. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за цените на закуп на рекламни површини на Жичарница “Милениумски крст“ Водно, Скопје;

22. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈСП “Скопје“-Скопје за 2017 година;

23. Годишен извештај за 2015 година на Секторот за внатрешни работи Скопје;

24. Предлог-Локална стратегија за заштита од ХИВ на Град Скопје за периодот од 2016 до 2020 година и

25. Предлог-Акциски план за 2016 и 2017 година за остварување на Локалната стратегија за заштита од ХИВ на Град Скопје за периодот од 2016 до 2020 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул.„Илинден“ бр.82.