ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌИЊА ПРЕД СПОМЕНИКОТ „ПАДНАТИ ХЕРОИ ЗА МАКЕДОНИЈА“ 08.9.2016
![]() |
![]() |
Делегација на Град Скопје, составена од Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, во чест на големиот македонски државен празник 8.Септември, денеска /08.09.2016 година/ положија цвеќиња пред споменикот „Паднати херои за Македонија“, во паркот „Жена борец“.
Пред споменикот „Паднати херои за Македонија“ цвеќе положија и делегации на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, кабинетот на Претседателот на Република Македонија, делегации од политички партии, општини, дипломатскиот кор и граѓански здруженија.
Оваа година се одбележуваат јубилејни 25 години од прогласувањето на независност на Република Македонија, по одржувањето на референдум каде убедливо мнозинство од граѓаните се изјаснија за прогласување на независност и самостојност.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
