ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ТРАЈАНОВСКИ И МИТРОВСКИ ВО УВИД ВО ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ 10.5.2016
Градоначалниците на Град Скопје и Општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митровски денеска /09.04.2016 година, сабота/ извршија увид во градежните работи на втората фаза од проектот за пробивање на булеварот „Партизански одреди“ од новиот кружен тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле".
Со овој проект е предвидено на потег со вкупна должина од 500 метри, да се изврши реконструкција и проширување на постојниот коловоз, со што ќе се добие современ булевар со 6 сообраќајни ленти, по 3 во секоја насока, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар.
- Градежните работи за пробивање на булеварот „Партизански одреди“ од новиот кружен тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле" се одвиваат според предвидената динамика. Деновиве на терен се во тек градежните работи за проширување на коловозот на булеварот, а се поставува и атмосферската канализација. Гледано во насока од центарот на градот кон Ѓорче Петров, од левата страна на булеварот Партизански одреди се веќе уредени тротоарите, кои се покриени со бекатон-плочки. Велосипедската патека е оформена и во текот на наредниве денови ќе се асфалтира, а се работи на оформување и на жардиниерите. Градежните работи на оваа делница од булеварот „Партизански одреди“ се очекува да завршат во јули. Со пробивањето на булеварот „Партизански одреди“ и поврзувањето на двата кружни тека, ќе се добие ново модерно булеварско решение, кое ќе придонесе за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот во овој дел од Скопје - рече градоначалникот Трајановски.
Трајановски се осврна и за дел од останатите проекти кои оваа година ќе се реализираат на територијата на Општина Ѓорче Петров, каде ги наведе почетокот на фазната реконструкција на ул. „Ѓорче Петров“, како и реконструкцијата на улицата „Волково“ од населба „Волково“ кон заобиколницата.
Градоначалникот Митровски истакна дека реализацијата на овој проект е резултат на одличната соработка на Општина Ѓорче Петров и Град Скопје, за што сведочат и голем број на други капитални проекти реализирани изминативе години.
Градежните работи на овој капитален проект ги изведува „Пелагонија“ од Гостивар, додека вкупната инвестиција во овој проект измесува околу 40 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
