ПРОМОВИРАНА НОВАТА МАШИНА ЗА ПРЕСАДУВАЊЕ НА ДРВЈА 11.6.2016
![]() |
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ денеска /11.06.20116 година, сабота/ присуствуваа на промоцијата на новата машина за пресадување на дрвја.
- Градот Скопје ја набави новата машина за пресадување на дрвја за потребите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Возилото е од марката IVECO а на истата е инсталирана дополнителна механизација и електроника за пресадување на дрвја. Со користењето на ваква механизација при уредувањето на зеленилото, садниците ќе можат да се пресадат и транспортираат на брз и ефикасен начин, без притоа да се нанесе штета на дрвата. Ова значи дека со ова возило и механизација, при изградба на разна инфраструктурa, нема да има потреба за сечење на старите дрвја, туку истите ќе бидат безбедно пресадени
на друга локација. Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа во регионот која набавува ваква механизација, која очекуваме значително да помогне во работата на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и да даде голем придонес во заштитата на зеленилото и животната средина - кажа градоначалникот Трајановски.
Машината за пресадување на дрвја има четири лопатки во функција, кои додека се отворени достигнуваат дијаметар од 1,5 до 2,7 метри, додека кога се затворени ширината на дијаметарот е од 1,7 до 2 метри. При работна функција тежина на носивост на надградбата е од 2.350 до 2.700 килограми.
Ова машина може да се користи за пресадување на дрвја со стебло со максимална дебелина до 40 сантиметри. Механизацијата за пресадување на дрвја ќе се користи онаму каде што дозволуваат условите на терен и истата не може да се користи на терен и локации каде постоjат плитки подземни инсталации.
За набавката на оваа машина за пресадување на дрвја Градот Скопје потроши околу 16 милиони денари, средства обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
