СЕ ОДРЖА КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН 11.8.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска /11.08.2016 година, четврток/ одржаа координативен состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион за дополнително интензивирање на расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме што го зафати Скопје.
Градоначалникот Трајановски изрази благодарност до градоначалниците на општините од скопскиот плански регион за досегашната поддршка и активностите на терен и побара дополнителна помош од општините за расчистување на последиците од катастрофалното невреме.
Градоначалникот Трајановски побара од општините да се вклучат со дополнителна помош, и тоа, хуманитарна помош како главен приоритет, работници и механизација. Во однос на механизацијата, Трајановски информираше дека на терен се потребни мали камиони – скипери.
Градоначалниците од општините од Скопскиот плански регион истакнаа дека нивни екипи се веќе активни на терен и дека ќе пратат и дополнителна помош, а исто така ќе апелираат и приватните фирми со кои соработуваат за да се обезбеди дополнителна механизација.
Екипите на Град Скопје ќе останат во погодените подрачја се додека не се создадат услови граѓаните да се вратат во своите домови.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
