ЦЕЛОСНО МОБИЛИЗИРАНИ ЕКИПИТЕ НА ГРАДСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ 11.9.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вечерва /11.09.2016 година, недела/ одржа состанок со градоначалниците на општините на Град Скопје, нивни претставници, директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје околу земјотресите кои го погодија Скопје.
Градоначалникот Трајановски на присутните им ги пренесе заклучоците и задолженијата донесени на денешната седница на Управувачкиот комитет за справување со кризи.
Управувачкиот комитет за справување со кризи ги задолжи општинските кризни штабови да формираат екипи кои, заедно со стручните лица од ИЗИИС, ќе извршат увид во состојбите на терен во нивните општини, посебно на патната инфраструктура, водовод и канализација, инфраструктура поврзана со преносот на топлинска и електрична енергија, станбените згради и останатите објекти за домување.
Градскиот штаб за заштита и спасување беше активиран уште од првиот земјотрес, додека вечерва истиот е целосно мобилизиран (сите јавни претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје) и ќе се следи состојбата на терен.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
